| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија го поддржува процесот на проширување на ЕУ

Словенија ќе го поддржи процесот на проширување на ЕУ и по влезот на Хрватска во нејзино членство, соопшти денеска хрватската Влада

Britain EU flags

„ЕУ по најголемата криза во својата историја во моментот првенствено се фокусира на економските прашања, на своето уредување и идно дејствување, но Словенија и натаму ’јасно и активно‘ ќе биде заговорник на политиката на проширувањето и откако ЕУ ќе ја прими Хрватска за своја 28. членка“, се наведува во соопштението на словенечката Влада.

Владата го објави соопштението одговарајќи на тој начин на пратеничко прашање за тоа што мисли Кабинетот за изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за подолга пауза во проширувањето на ЕУ, откако во европското семејство ќе се зачлени Хрватска.

Иако на седницата учествуваа сите министри во Кабинетот на премиерот Јанез Јанша, словенечките медиуми наведуваат дека тоа би можела да биде една од нејзините последни седници во сегашниот состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top