Ерик Абидал е херој на Барселона и на целиот фудбалски свет, а неговото враќање на фудбалските терени, по повеќе од една година пауза беше спектакуларно. На францускиот ас му беше пресаден црниот дроб и не играше точно 402 дена. Се врати синоќа против Мајорка, во меч што Барселонаго доби со 5-0. Сеск Фабрегас даде 3 гола, а Алексис Санчес двапати се запиша во листата на стрелците.
– Му благодарам на мојот роднина, бидејќи без неговата помош немаше да бидам тука. Не можам да најдам зборови да им кажам благодарам на сите што ме подржуваа, од различни страни на планетата. Во болница им велев на сите да се борат, со помош на добронамарните луѓе. Ако можам секогаш ќе помагам – изјави по мечот Абидал.
Вчерашниот ден со 4 натпревари од 30. коло, мина со многу голови. На два имаше по 6 погодоци, а на останатите два по гол помалку. Реал Мадрид со 5-1 го совлада Леванте, Реал Сосиедад беше подобар од Малага со 4-2, возбудливо беше и во Коруња, каде Депортиво ја победи Сарагоса со 3-2 и побегна од фенерот. Завчера голеадата во 30. коло ја најави Бетис со победа од 5-1 кај Гранада.
szólj hozzá: Barcelona vs Mallorca 5:0 MATCH IGHLIGHTS
szólj hozzá: Real Madrid 5 x 1 Levante – 06/04/2013
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



