| четврток, 6 декември 2018 |

Секс секој ден? Зошто да не! А еве зошто…

21821-SEKS - profimedia-0195697469_1079_1000x1000Без разлика дали сте во брак или врска, една од предностите на моногамниот однос е токму сексот – редовните сексуални односи, подобро познавање на потребите на партнерот, а со тоа и поусовршено искуство и задоволство, меѓу другите. Но кога ќе се појави стресот и многу обврски, сексот е меѓу првите работи во врската што страда.

Овозможува да го поминете потребното време заедно. Ако обврските го пополнуваат денот, ноќта, пред спиење е одличен период да поминете квалитетно време заедно, и тоа со забавна активност како секс. А секојдневно практикување на ова, ќе ве одржи блискисо партнерот.

Физичка активност, наместо вежбање. Ако немате време за вежбање, сексот е одлична физика активност за губење на калории.

Ви ги трга мислите и грижите од умот на некое време. Без разлика дали е глумење на улоги или игри со секс-додатоци, ова искуство дефинитивно ќе ви ги тргне мислите од секојдневните грижи на некое време.

Поврзување без разговарање. Некогаш немате желба ниту сила за разговарање или пак сте истоштени од зборови. Во вакви денови сексот е одличен начин на комуникација и поврзување со партнерот, без разговор.

Полесно е да се договори и случи од дејт. За да одите на дејт, на пример вечера и кино, треба да претходно да се организирате, да закажете и да потрошите неколку часа на ова. Но во денови кога немате толку време, сексот е тука.

Ја подобрува самодовербата. Фактот дека некој ужива интимно со вас и сака да го направи истото за вас, ја подобрува личната самодоверба не само во креветот туку и надвор од него.

Гарантирано подобрување на расположението. Насмевките што ве пратат во текот на денот, и потпевнувањето на вашиот партнер, јасно е дека се резултат на утринскиот секс. Зошто не би сакале да сте секој ден вака расположени?

Помалку караници. Одбивањето или апстинирањето од секс ги фрустрира луѓето и ги прави склони на расправии. За да не ви биде секојдневието исполнето со караници, имајте секс секој ден.

Еден збор: Оргазам. Овој збор сам по себе го опишува исклучителното искуство што го нуди на секој од партнерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top