| четврток, 6 декември 2018 |

Русија на ЕП во Франција, бараж за Шведска

rusija

Русија е нов патник за Франција на Европското првенство идната година, по победата од 2-0 против Црна Гора во последното квалификациско коло. Русите ги решија сите дилеми со два гола во првото полувреме и го освоија второто место во Г групата зад Австрија и пред Шведска.

Швеѓаните забележаа идентична победа од 2-0 со Молдавија, но не дочекаа пораз на Русија, па ќе мораат низ два бараж дуели да се обидат да се пласираат на ЕП. Во Франција ќе играат и супериорните Австријци кои забележаа нов триумф за сигурно прво место во истата група со 28 бода. Пред налетот на Австријците падна и Лихтенштајн, а избраниците на Колер славеа со 3-0.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top