Рекордот за најпродаван телефон на сите времиња, го држи уредот кој на пазарот излезе пред 12 години.
Тоа е старата Nokia 1100, уред кој на пазарот се појави во 2003 година. Од излегувањето до сега, продадени се неверојатни 250 милиони примероци.
На второт место е повторно модел на Nokia и тоа 3210, продаден во 160 милиони примероци, а третото место го делат четири телефони и тоа со продадени по 150 милиони примероци: Nokia 1200, Nokia 5230, Nokia 6600 и Samsung E1100.
Уште една Nokia, 2600, го зазема четвртото место со 135 милиони примероци, а петтото го делат Nokia 1600 и Motorola RAZR V3 со продадени по 130. милиони примероци.
Nokia 3310 е еден од моделите на кој и денеска многумина се сеќаваат со носталгија, а се најде на шестото место по најпродавани модели. Nokia 1208 е на седмото место, осмото го зазема Samsung Galaxy S4 кој е продаден во 80 милиони примероци.
На деветото место повотрно Nokia – 6010 од 2004 година, со продадени 75 милиони, а на листата е и iPhone на Apple, и тоаiPhone 5, кој на пазарот се појави во 2012 година и досега е продаден во 70 милиони примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст