Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова која од оваа сезона насталува за шведскиот тим Розенгард е во извноредна форма. Таа во последниот меч за својот тим на гостински терен против „фенерџијата“ Аик учествуваше со два гола во победа од 5-0. Андонова за само две минути во 17 и 19, го скрши отпорот на домаќинките и го одведе својот тим до врвот на таблета во домашниот шампионат по 21.коло и е многу блиску до титулата.
Досега македонската репрезентативка постигна девет голови од 12 средби колку што одигра за Розенгард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.