На 13 октомври, вторник, во Младинскиот културен центар – Скопје, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Зборовите немаат значење“ од Биљана Стојановска.
Ова е дебитанска збирка поезија на Стојановска која работи како новинарка во весникот „Нова Македонија“.
„Поезијата на Биљана Стојановска е длабок допир со ритуалноста на денот. Обичноста на објектите и нивната конкретна и вербална поврзаност со мигот и со телото на оној што пишува го исцртуваат топлиот амбиент на присуството на една широка љубов – љубов што живее во делбата пред да стане разделба и во припомнувањето пред да стане помнење“, забележува Никола Маџиров, кој ќе одржи промотивна реч на промоцијата.
Музичка поддршка на настанот е на Јаков Дренковски, а поезија ќе читаат Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Николина Андова Шопова.
Стојановска (1984) дипломирала на Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Нејзина поезија е објавувана во списанието за поезија „Мугри“, а била учесник и на повеќе поетски читања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст