МЗТ Скопје уверливо го победи Куманово со 92-78, во меч што го одбележа тешката повреда на репрезентативецот Ивица Димчевски. Се работи најверојатно за скршеница на потколеницата, а тоа ги шокира сите присутни во салата во Куманово. Голем хендикеп и за него и за тимот, кој загуби од шампионот, вечерва. Ѓорѓи Чековски даде 22 поени за победничкиот тим, а Кејд Дејвис еден поен помалку. Најефикасен на мечот беше бекот на Куамново, Александар Костоски со 27 поени. Урош Луковиќ постигна 18 поени со 10 скока.
Победнички низ Гевгелија,. мина најтрофејниот македонски клуб, Работнички кој беше подобар од Кожув со 66-59. Американецот Абукар доминираше со 21 поен, а Ненад Зивчевиќ постигна 16. Кај домаќините Миладин Пековиќ даде 11 поени.
Комплетната доминација на гостинските екипи ја доплни Фени со триумф над Лирија од 89-80. Бојан Трајковски прераснува во врвен кошаркар и со 21 поен и 7 скока, ги предводеше кавадарчани до нов триумф. Владимир Брчков даде 16 поени, а имаше и 8 скока. Кај Лирија се истакна триото Симиќ, Радуновиќ и Угриновски со вкупно 55 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


