| четврток, 6 декември 2018 |

Џим Кери се прости од саканата (фото)

keri
Џим Кери се прости од својата почината девојка Катриона Вајт.Актерот во ирското село Капа Вајт беше до најблиските роднини и пријатели на Катриона кои и оддадоа последна почит на прерано починатата девојка.

Како што објавија странските медиуми, а и според она што може да се види на фотографиите Џим Кери е скршен од болка додека заедно со останатите мажи го носи ковчегот на девојка си.


За потсетување, 28- годишната Катриона Вајт беше пронајдена мртва на 24 септември годинава откако изврши самоубиство со предозирање од наркотици.

Таа и Кери беа во врска од 2015 година, раскинаа, се смирија и повторно се разделија, по што Катриона се самоуби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top