Обилните врнежи од дожд во Кумановско ги зголемија нивото на реките во овој регион кои предизвика поплавување на земјоделски површини, патна инфраструктура, подруми и неколку помошни објекти во населбата Бедиња, кај стариот градски парк, кај селото Доброшане на вливот во Пчиња и на неколку куќи во населбата „Бавчи“.
Материјалната штета не е голема, оцени денеска градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, но сепак екипи од локалната самоуправа во претпладневните часови излегле на терен и направиле записник.
– Поради обилните дождови изминативе деновиви кои изнесуваа над 50 литри се покажаа неколку слаби точки, иако изминативе денови чистевме во двата правци на речното корито кое е продлабочено. Но, сепак нивото на реките е доста високо, изјави Дамјановски.
Тој информирашедека доколку е потребно ќе побара и поддршка од Владата. За попладне од Општинта најавија дека ќе седница ќе има општинскиот кризен штаб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.