Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје постапувајќи по оперативната акција Гора во текот на минатиот месец, до ОЈО Скопје во три поединечни случаи поднесе три кривични пријави против шест лица кои сториле 11 кривични дела и направиле штета од над 180.000 денари, а притоа бесправно исекле 26 метри кубни огревно дрво.
Минитерството за внатрешни работи соопшти дека во првиот случај поднесена е кривична пријава против лицата Х.Л. (49) и Ф.Л. (38) двајцата од Скопје. Пријавените од туѓа шума бесправно исекле дабово огревно дрво во количина од четир м3, по што иако знаеле дека дрвата не биле жигосани и дека не поседувале испратница за нивен транспорт, ги натовариле во товарно моторно возило „Застава“ без регистерски број и се упатиле кон село Таор. Но набргу биле забележани од полициски службеници на единицата АЛФА и им била извршена контрола на возилото и огревните дрва кои што ги превезувале, по што откако било утврдено дека дрвата не се обележани со жиг и дека не поседувале соодветна документација, пријавените заедно со возилото и натоварените огревни дрва биле однесени во Полициската станица Гази Баба каде биле одземени возилата и дрвната маса, а за настанот била известена шумска полиција.
Од страна на шумската полиција на првопријавениот му е изготвен платен налог за наплата на глоба, записник за постапување на порамнување и пријава за прекршок. Со наведеното, пријавените ја оштетиле заедницата за 28.000 денари.
Од извршените проверки во евиденцијата за моторни возила на МВР на РМ утврдено е дека моторното возило марка Застава не евидира во евиденцијата за моторни возила на МВР на РМ, а за истото возило првопријавениот известил дека го купил во отпад и дека не поседува регистарски таблици, сообраќајна дозвола ниту договор за купопродажба на моторно возило.
Во вториот случај кривичнопријавени се лицата, С.С. (32) од Куманово, и Ј.Н. (27) од Скопје. Првопријавениот како управител на правно лице Друштво за производство, трговија и услуги „СОКОЛ-АРС КОМ“ ДООЕЛ село Гошинце, општина Липково, противправно присвоил бесправно исечено, од туѓа шума, мешано огревно дрво, даб и габер во количина од 16 м3. Од таа количина 15 отсто, односно 2,4 м3 биле жигосани, но со жиг со број што воопшто не фигурирал во документацијата на фирмата за набавка на таква дрвна маса. С.С. со намера да изврши легален превоз на бесправно исечената дрвна маса од неговиот склад за дрва во село Гошинце до купувач од село Сарај,-Скопје, изготвил и со свој потпис и службен печат заверил испратница во која внел невистинити податоци дека наводно цела количина на дрва, односно најмалку 80 отсто е жигосано со жиг и дека ја издава за сметка на одобрение за сеча иако по истото немал извршено набавка на дрвна маса. Така изготвената испратница му ја дал на второпријавениот кој откако ги натоварил дрвата во товарно моторно возило “Мерцедес“ сопственост на друго лице од Скопје, се упатил кон домот на купувачот, но на обиколницата во правец Радишани кон Мирковци бил забележан и запрен од страна на полициски службеници од АЛФА. При контролата Ј.Н. ја приложил невистинитата испратница како вистинска, како доказ дека превозот на дрвната маса е легален, но откако при увид во истата било утврдено дека натовареното огревно дрво е недоволно жигосано со јасно видлив шумски жиг и поради сомнение дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча, веднаш била повикана шумска полиција од чија страна била извршена контрола и мерење на дрвната маса и од Ј.Н. била одземена испратницата и предадена на СВР Скопје.
Второпријавениот од страна на единицата АЛФА бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Чаир, каде од него е одземено моторното возило и дрвната маса Со наведеното, пријавените ја оштетиле заедницата за 112.000 денари.
Во третиот случај кривична пријава е пондесена против лицата Ј.Џ. (44) за С.Ш. (45) и двајцата од Скопје. Првопријавениот како референт за користење на шуми и дотур (манипулант) во ШСЕ „Скопска Црна Гора“, ПШС Караџица Скопје при ЈП Македонски шуми – Скопје, ја злоупотребил својата службена положба и овластување овозможувајќи му на С.Ш легален превоз на над шест кубни метри прва класа на буково огревно дрво инаку претходно бесправно исечени. Истовремено Ј.Џ. искористувајќи ја својата службена положба делумно ги жигосал дрвата со жиг и изготвил и со свој потпис и службен печат заверил испратница во која внел невистинити податоци, дека наводно се превезуваат 5 м3 дрво даб-мешано, а не 6,1 м3 бука „I класа“. Притоа и издаденото одобрение за сеча што го изготвил Ј.Џ. содржело други имиња и се однесувало за сеча во друга катастарска парцела, а не за КП наведена во одобрението, како и дека превозник е Р.Ш. (сопственик на ТМВ) иако тој воопшто и не бил присутен на самото место.
По ова С.Ш. со возилото се упатил кон Скопје, но на магистралниот пат Скопје-Блаце во близина на место викано Стенковец бил сопрен од страна на полициските службеници од Полициската станица Чаир. При извршениот преглед и контрола на возилото второпријавениот ја употребил предметната испратница како вистинита, но откако од страна на полициските службеници било утврдено дека натовареното огревно дрво нема доволно втиснати жигови, второпријавениот бил лишен од слобода и заедно со возилото и дрвната маса бил предаден во Полициската станица Чаир.
Од страна на шумската полиција при ШПС – Скопје била извршена контрола и мерење на дрвната маса во возилото за што бил сочинет записник. Во ПС Чаир од второпријавениот е одземено возилото заедно со огревното дрво и предметната испратница, се предадени на шумска полиција. Со наведеното, првопријавениот му овозможил на С.Ш. да се стекне со противправна имотна корист во износ од 17.507 денари а од друга страна за тој износ го оштетил ЈП Македонски шуми-ПШС Караџица, а воедно двајцата пријавени ја оштетиле заедницата за износ од 42.700 денари по основ на причинета штета во шума за противправно исеченото огревно дрво.
Во текот на август и септември годинава во рамките на оперативната акција Гора СВР Скопје поднесе вкупно 8 кривични пријави против 53 лица за постоење основи на сомнение за сторени 20 кривични дела. Само со сторените кривични дела за овие два месеци пријавените ги оштетиле заедниците за над 13 милиони денари, а бесправно биле исечени околу 1.872 метри кубни огревни дрва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст