Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Симе Симовски на прес-конференцијата по синоќешниот натпревар со Хрватска им даде поддршка на своите избранички и покрај високиот пораз.
– Хрватска беше фаворит и затоа честитки за нивниот триумф. Знаевме против каков тим играме, а за нашиот времето допрва доаѓа. Имам верба во овие девојки без разлика на резултатот. Заморот во вториот дел ги натера ракометарките повеќе да грешат. Со Црна Гора одигравме подобро, а на следниот собир очекувам девојките да бидат подобри, истакна Симовски.
Македонија загуби од Хрватска со 36:22. На следните два квалификациски натпревара за ЕП противник на македонските ракометарки е Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.