| четврток, 6 декември 2018 |

Кожув го декласираше Работнички (88-67)

Rabotnicki kozuv kosarka 01 (Custom)

Кошаркарите на Кожув го декласираа најтрофејниот кошаркарски клуб кај нас, Работнички со 88-67 на стартот од новиот шампионат на Македонија.

Гевгеличани му се равншираа на Работнички за поразот во Суперкупот, а само во првата четвртина имаа негатива. Гостите од Скопје водеа со 22-21, а се потоа беше во знакот на домашната екипа.

По првото полувреме Кожув имаше 11 поени разлика, 42-31 и потоа само ја зголемуваше позитивата.

Ратко Варда со прекрасна игра и 22 поени и 9 скока потврди дека ќе биде огромно засилување за Кожув, а Пен и Нешовиќ само му асистираа со 19, односно 17 поени и по 11 скока.

Кај Работнички репрезентатвците Стојан Ѓуроски и Бојан Трајковски беа најефикасни со 13, односно 12 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top