Поп-пејачката Елена Ристеска на музичкиот канал Јутјуб денес го промовираше својот нов сингл „На иста адреса“ за проектот „Музичка академија 1“ , тема која ја сними во соработка со продуцентот Роберт Билбилов.
По големиот хит „Не сакам да кријам ” кој го снимија пред десетина години, Роберт и Елена повторно влегоа во студио. Овој пат песната „На иста адреса “, е химна на истоименуваното реално шоу „Музичка академија 1“.
Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, а текстот е дело на Елена Ристеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.