Секој хороскопски знак има свои доблести и маани. И покрај тоа што некои од знаците би ги чувале вашите тајни до крајот на својот живот, постојат и некои кои би ги пренеле понатаму во истиот момент кога ќе им го завртите грбот. Откријте за кои хороскопски знаци станува збор и зошто пред нив треба да ги скриете вашите тајни.
Овен
Ако сте довериле тајна на Овен, тогаш внимавајте да не го изнервирате бидејќи тој во истиот момент импулсивно ќе ви каже сè што не треба, без разлика кој се наоѓа во вашето присуство. Тие не го прават ова со лоша намера, туку поради импулсивноста која не им дозволува да размислат пред да проговорат.
Бик
Биковите се стабилни и упорни, но внимавајте кога им доверувате тајни. Доколку тие не се сложуваат со она што имате да го кажете, можеби е подобро да го задржите за себе бидејќи тие имаат тенденција да ве убедуваат за оние нешта кои сметаат дека се паметни, како и за оние кои сметаат дека не се. На овој начин само дополнително ќе ви го комплицираат животот.
Близнаци
Тие се познати по својата брбливост, па затоа не им доверувајте тајна дури ни во сон. Близнаците и да не немаат потреба да ја кажат оваа вест на сите кои ќе ги сретнат, тие сепак има големи шанси да ја кажат сосема случајно додека пијат кафе со личност која сигурно ќе ја пренесе оваа приказна понатаму.
Рак
Раковите се доверливи и лојални и ако оваа тајна има моќ да ги расплаче или да ги направи сентиментални, воопшто не се двоумете. Тие можат да ви понудат рамо за плачење, утеха, прегратка, чај и сè друго што сметаат дека би можело да ви помогне. Вие можете да сметате во секое време на нив, бидејќи ако сте им важни, никогаш нема да го издадат она кое сте им го довериле.
Лав
Тајните кои можат да ги доведат Лавовите во искушение да се пофалат или да се докажат, треба да ги држите што подалеку од нив. Но, ако станува збор за нивна конкуренција или пак, личност која не им се допаѓа, со споделување на тајната вие ќе започнете силен сојуз кој долго време ќе ја одржува вашата врска.
Девица
Дискретните Девици ќе ги чуваат вашите тајни сè до моментот кога ќе се оддалечите од нив. Откако ќе се случи тоа тие ќе ги пренесат сите тајни кои некогаш сте им ги довериле. Токму затоа ако сте долго време во добри односи со Девица, слободно кажетеѝ сè што ви тежи на душата, но ако не се познавате доволно долго, можеби би било подобро да премолчите.
Вага
Тие се одлични пријатели, но може да се случи одредени околности да доведат до премислување на причините за или против оддавањето на тајните. Токму затоа зад нивниот шарм ретко се крие доверливост која ќе трае до самиот крај. Тие сакаат да ги шират приказните на своите пријатели, но тоа го прават со најдобра намера.
Скорпија
Мистериозните Скорпии немаат никакви потешкотии при чувањето тајни. Всушност, тие најдобро ги сфаќаат бидејќи и самите ги имаат во изобилие. Скорпиите сакаат мистериозност и сметаат дека кога нешто се искаже јавно или пак, се дознае од повеќе луѓе, тогаш ја губи својата моќ. Доколку имате блиска Скорпија, слободно кажете ѝ ги сите тајни, бидејќи таа никогаш нема да ги пренесе понатаму.
Стрелец
Да не постоеше вродената зборливост на Стрелците, тие би биле одлични пријатели. Особено ако пијат алкохол, тие без размислување ќе ја пренесат секоја тајна која некогаш им била доверена. Може да се случи дури и да ви ги прераскажуваат сите оние нешта кои вие сте им ги кажале, мислејќи дека за нив зборувале со некоја сосема друга личност.
Јарец
Тие се владетели од сенките кои со будно око ги откриваат дури и оние тајни кои не сакате да им ги кажете. Јарците знаат како да добијат лична корист од чувањето тајни, бидејќи во замена за нивната дискреција тие без срам можат да ви побараат голем број услуги.
Водолија
Доколку сакате Водолија да ги чува вашите тајни, мора да станува збор за нешто многу ексцентрично. Во сите други ситуации тие ќе ѝ се смеат на вашата потреба оваа сосема обична работа да остане тајна и токму затоа веднаш ќе ја пренесат на другите ваши пријатели, во комбинација со голем број духовити досетки.
Риби
Со Рибите нема голем ризик. Тие често се случува дури и да ги заборават доверените тајни, но оние кои ги помнат ќе ги чуваат засекогаш бидејќи тие и самите се таинствени. Но, сепак не им доверувајте тајни кои се спротивни од нивните морални вредности бидејќи во тој случај, поради сочувство, би можеле да ја искажат вашата приказна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.