Постојат разни типови на фраери со кои не би требало да влегуваме во врска, но генерално сите тие може да се вбројат во три групи:
Ноќна птица
Ви пишува пораки само доцна навечер и смета дека доволно е кога тој ќе посака да наминете до кај него дома, наместо да излезете надвор на пијалок или забава? Тој од вас сака само секс. Ако тоа ви одговара и вам, во ред, но ако почнете да се заљубувате, бегајте!
Не сум подготвен
Тој не е подготвен за нова врска, бидејќи излегол од долга врска и едноставно мисли дека најдобро е да бидете пријатели со бенефит. Не е работата во тоа што тој не е подготвен за врска, туку во тоа што тој не сака врска со вас.
Вечно дете
Спие до пладне, не извршува домашни обврски и не му паѓа на памет да побара работа, затоа што родителите му помагаат? Дистанцирајте се од вакви мажи, бидејќи нема да му бидете девојка, туку слугинка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.