Внатрешноста на Лондон е најбогатиот регион во 27-те земји членки во ЕУ ој оствари 328 проценти од просекот на европскиот БДП, покажува актуелната ранг листа на „Eurostat“.
На второто место се наоѓа Луксембург (266 проценти), на трето Брисел (223 проценти), а на четвртото место се наоѓа Хамбург (203 проценти), кој воедно е и најбогатиот регион во Германија.
Петтото место го делат пошироките подрачја на Париз и универзитетскиот град Гронинген во Холандија со по 180 проценти. Местата од седмо до десетто покажуваат дека, пред се, средна Европа припаѓа на големиот „бум“ на региони во Европската унија. Седмото место го зазема Братислава, а следат Прага и Стокхолм.
Виена покажа долгогодишно силно и консолидирано економско влијание и се наоѓа на 10 место на листата, кое го држи веќе неколку години. Во Австрија нивото на економското влијание изнесува 127 проценти од просекот на Европската унија.
Критериуми за рангирањето биле регионалните доходи по глава на жител на основа на националниот БДП, изразени преку стандардот на куповната моќ во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


