Автомобил налетал и удрил на елен, но за среќа никој не е повреден. Причинета е само материјална штета.
Вчера во 19,25 часот на локалниот пат за Леуново од патот Мавровска крстосница Маврови анови, автомобил „форд фјужн“ управуван од Д.А. (53) од Скопје налетал и удрил во елен. Ниту возачот, ниту еленот немале повреди, а вкупната материјална штета се проценува на околу 30 илјади денари, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.