Во Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје (УТМС) денеска ќе се одржи 4. Интернационален научен конгрес за бизнис, економија, спорт и туризам ИКОНБЕСТ 2015.
Најавено е учество на научници и стопанственици од тринаесет земји во седум области, туризам, маркетинг, менаџмент на човечки ресурси, претприемиштво, јавен интерес, економија и образование.
На Конгресот се пријавени 82 автора со 72 научни труда, кои во многу конструктивна насока ги детерминираат насоките и правците на позиционирање на тематските содржини, во функција на подигање на нивото и сигнификантноста на целокупниот економски развој.
Конгресот ќе го отвори Аце Миленковски, ректор на Универзитетот, а пленарни излагања ќе имаат и Зоран Ивановиќ од Факултетот за менаџмент во туризмот и хотелиерството на Универзитетот во Риека, Хрватска, Колум Марфи од School of Diplomacy and International relations, Швајцарија, Габриела Делфина Рамос од Политехничкиот институт од Гуарда, Португалија, Сем Вакнин од Allied Newspaper Group, САД и Наджија Калбаска, генерален секретар на ИФФИТ International Federation for IT and Travel and Tourism, Швајцарија. Трудовите на научниот конгрес ИКОНБЕСТ 2015 ќе се објават во зборникот, а од пристигнатите и рецензирани трудови, согласно содржините, квалитетот и проспективноста, ќе најдат место и во „UTMS Journal of economics“, кој е влезен во базата и индексиран во меѓународни сертифицирани бази на податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст