| четврток, 6 декември 2018 |

Вчера воопшто немало средба помеѓу Груевски и Бејли соросовите медиуми лажат

Премиерот Никола Груевски не се сретнал со американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, ниту пак имало заедничка средба на преговарачките тимови.

Медиумите финансирани од Сорос објавија вест дека наводно Бејли имал тензичен разговор со Груевски во рамките на разговорите на преговарачките страни.

Очигледна е намерата да се дефокусира преку лажни и измислени текстови како што е последниот текст во кој се тврди дека наводно американскиот амбасадор Бејли имал тензичен разговор со премиерот Груевски во рамките на разговорите на преговарачките страни.

Ваквиот текст доаѓа откако во јавноста има бура од реакции поради исклучителното штетно однесување на СДСМ и нивното барање дијаспората да не гласа, прифаќањето во ДИК наместо со аргументи да се одлучува согласно етно политичката волја, односно да се воведе бадинтер, како и откажувањето од активна регистрација на гласачите. Ваквото однесување воедно ја потврдува паниката во СДСМ и стравот да се соочат со граѓаните на избори, зад што се крие реалниот страв од пораз од граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top