| четврток, 6 декември 2018 |

Еминентниот бугарски писател Георги Господинов гостува во Скопје

Еминентниот бугарски писател Георги Господинов во среда (14 октомври) во 20 часот ќе гостува во клубот ГЕМ (Менада).

Повод за неговото гостување е промоција на преводот на неговиот роман „Физика на тагата” на македонски јазик, издание на “Или-или”.

Модератор на настанот ќе биде Никола Маџиров, а промотор на книгата. Маја Бојаџиевска. Преводот е на Душко Крстевски. Дизајнот на книгата е на”Бригада.мк”. Излегувањето на книгата и гостувањето на авторот е дел од програмата „Креативна Европа” на Европската унија.

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На маке-донски се објавени книгите „Природен роман”, „И други приказни” (и обете на Темплум), како и збирката песни „Балади и распади” (Блесок), сите во превод на Никола Маџиров. Во последниве години авторот постигна успех и во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top