Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 им одреди притвор во траење од 30 дена на претседателот на кумановскиот суд и на уште шестмина уапсени во полициската акција „Удар“, соопштија од Кривичниот суд.
На тројца им се одземени пасошите со обврска да се јавуваат во суд и да не го напуштаат живеалиштето, а еден од осомничените е во куќен притвор.
Од вкупно 12 осомничени во акцијата „Удар“, приведени беа 11, а по еден сé уште се трага.
– За осомничените С.И., Н.И., Б.И., Ш.И., А.Н., А.А. и М.С. постојат околностите за определување мерка притвор од чл. 165, ст. 1, 2 и 3 односно опасност да се даде во бегство, околности кои укажуваат дека може да ја попречуват кривичната постапка и страв да не го повторат кривичното дело, па затоа на сите седум осомничени им определи мерка притвор во траење од 30 дена. На осомничените И.Г., И.Џ. и М.С и определи мерки за претпазливост, односно одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, обврска повремено да се јавува во судот и забрана да не го напушта живеалиштето – соопштуваат од Судот.
На осомничениот А.Д. му определи мерка куќен притвор.
За едно лице кое е недостапно на органите за прогон издадена е наредба за приведување.
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.