| четврток, 6 декември 2018 |

Еди Станковски: Сакам да набљудувам луѓе, настани, општествени промени…

Би са­кал да ука­жам на проб­ле­ми­те што про­из­ле­гу­ва­ат од не­о­ли­бе­рал­ни­от ели­тен ка­пи­та­ли­зам, пред сѐ си­ро­ма­шти­ја­та и огром­на­та не­ед­на­квост на лу­ѓе­то во све­тот. Во исто вре­ме, са­кам да ја комп­ле­ти­рам оваа по­стој­на из­лож­ба на ста­ри не­об­ја­ве­ни фо­то­гра­фии и да из­ло­жам во раз­лич­ни гра­до­ви во све­тот, ве­ли Стан­ков­ски

Из­лож­ба­та на фо­то­гра­фии „Ла фем оп­скур“ бе­ше по­ста­ве­на во Скоп­је. Што до­не­су­ва оваа Ва­ша из­лож­ба?
Стан­ков­ски: Из­лож­ба­та „Ла фем оп­скур“ (La Femme Obscure) е ре­зул­тат на мо­ја­та кре­а­тив­на­та инс­пи­ра­ци­ја во за­ед­нич­ка тес­на со­ра­бо­тка со ка­фу­ле­то „Де­ца­та од на­ша­та ули­ца” и скоп­ска­та еле­ктро­гру­па „Аут­мајнд“ (Аutmind). Из­лож­ба­та ја за­мис­лив­ме ка­ко сим­би­о­за на му­зич­ка из­вед­ба и на мо­и­те фо­то­гра­фии за­ед­но во ед­на кон­цеп­ту­ал­на ком­по­зи­ци­ја. Тој спој до­не­се ед­но це­лос­но ви­зу­ел­но и му­зич­ко до­жи­ву­ва­ње за по­се­ти­те­ли­те на из­лож­ба­та и ја пре­не­се умет­но­ста од сте­рил­но­ста на бе­ли­те ѕи­до­ви во ди­на­мич­на игра на бои, об­ли­ци и на зву­ци. Во цен­та­рот на из­лож­ба­та е же­на­та, неј­зи­на­та уба­ви­на, сен­зу­ал­ност, истрај­ност и енер­ги­ја.

Edi-Stankovski-kult161-2

Со го­ди­ни жи­ве­е­те над­вор од Ма­ке­до­ни­ја. Ова е Ва­ше пр­во прет­ста­ву­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја? Кол­ку сте за­до­вол­ни од по­се­те­но­ста, ин­те­ре­сот и од ре­ак­ци­и­те од из­лож­ба­та?

Стан­ков­ски: Два­е­сет и пет го­ди­ни жи­ве­ам во Ам­стер­дам, про­це­сот на соз­да­ва­ње­то на овие фо­то­гра­фии тра­е­ше не­кол­ку го­ди­ни, а за да ги до­ве­дам во оваа фор­ма ми тре­баа уште пет­на­е­сет го­ди­ни. Би­деј­ќи раз­го­во­ров го пра­ви­ме по отво­ра­ње­то на из­лож­ба­та, мо­рам да ка­жам де­ка еден ден по отва­ра­ње­то се чув­ству­вам из­мо­ре­но, но пре­крас­но… По­се­те­но­ста на из­лож­ба­та по­ми­на од­лич­но, по­се­ти­те­ли­те се ср­деч­ни и за­до­вол­ни, а раз­го­ва­рав со не­кол­ку лу­ѓе од све­тот на умет­но­ста и на фо­то­гра­фи­ја од Скоп­је и нив­ни­те мис­ле­ња беа по­зи­тив­ни. Јас сум со­се­ма за­до­во­лен и овој на­стан ќе ми да­де мно­гу енер­ги­ја во мо­ја­та на­та­мош­на ра­бо­та, осо­бе­но во ор­га­ни­зи­ра­ње­то на из­лож­ба­та во Ам­стер­дам за де­се­ти­на де­на.

Edi-Stankovski-kult161-4

Во цен­та­рот на оваа из­лож­ба е же­на­та. Неј­зи­на­та та­инс­тве­ност, си­ла, уба­ви­на… кои дру­ги те­ми Ве ин­те­ре­си­ра­ат? Што дру­го го за­др­жу­ва Ва­ше­то вни­ма­ние?

Стан­ков­ски: Имам мно­гу ин­те­ре­си, љу­бо­пи­тен сум и са­кам да наб­љу­ду­вам лу­ѓе, на­ста­ни, оп­штес­тве­ни про­ме­ни. Ка­ко сле­ден про­ект би са­кал да на­пра­вам се­ри­ја пор­тре­ти во сфе­ра­та на со­ци­јал­на­та фо­то­гра­фи­ја . Би са­кал да ука­жам на проб­ле­ми­те што про­из­ле­гу­ва­ат од не­о­ли­бе­рал­ни­от ели­тен ка­пи­та­ли­зам, пред сѐ си­ро­ма­шти­ја­та и огром­на­та не­ед­на­квост на лу­ѓе­то во све­тот. Во исто вре­ме, са­кам да ја комп­ле­ти­рам оваа по­стој­на из­лож­ба на ста­ри не­об­ја­ве­ни фо­то­гра­фии, кои ќе ги из­ло­жам во раз­лич­ни гра­до­ви во све­тот.

Edi-Stankovski-kult161-3

Edi-Stankovski-kult161-5

Че­сто сме има­ле мож­ност да ја слуш­не­ме изре­ка­та „Ед­на фо­то­гра­фи­ја – ил­ја­да збо­ро­ви“. Фо­то­гра­фи­ја­та е си­лен ме­ди­ум. Што зна­чи таа за Вас и ка­ко поч­на­вте да се за­ни­ма­ва­те со фо­то­гра­фи­ја?

Стан­ков­ски: Поч­нав да учам за фо­то­гра­фи­ја уште во ос­нов­но учи­ли­ште, ко­га се по­ја­ви пр­ви­от ин­те­рес за неа кај ме­не. По­доц­на тој про­цес ево­лу­и­ра­ше и на по­че­то­кот тоа бе­ше чи­ста љу­бо­пит­ност ка­ко функ­ци­о­ни­ра се­то тоа од тех­нич­ки ас­пект. Ко­га на­у­чив ка­ко да фо­то­гра­фи­рам, поч­нав да пра­вам пор­тре­ти. По­доц­на имав пер­и­од во кој бев оп­сед­нат со му­зи­ка­та и со це­ли­от свет на ан­дер­гра­унд суп­кул­ту­ра­та (underground subculture) око­лу неа. Во 1996 го­ди­на се за­пи­шав на Ака­де­ми­ја­та за кре­а­тив­на фо­то­гра­фи­ја во Ам­стер­дам ка­де што го прод­ла­бо­чив мо­е­то зна­е­ње ка­ко од тех­нич­ки, та­ка и од кре­а­ти­вен ас­пект. Во исти­от пер­и­од мно­гу ме ин­те­ре­си­ра­ше ко­мер­ци­јал­на­та фо­то­гра­фи­ја, осо­бе­но мод­на­та фо­то­гра­фи­ја и пор­тре­тот. Во пос­лед­но вре­ме поч­ну­вам да се ин­те­ре­си­рам за умет­нич­ки пор­трет и сѐ по­ве­ќе са­кам да ра­бо­там на авто­ном­ни про­е­кти и из­лож­би ка­ко што е оваа мо­ја пр­ва из­лож­ба во Скоп­је.

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 161. број на неделникот „Република“, 2.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top