Лорик Цана има огромно интернационално искуство, а капитенот на Албанија уште еднаш покажа дека е вистински спортсмен, честитајќи им на српските репрезентативци за победата во Елбасан. Србија ја надмудри и победи Албанија со 2-0, а фудбалерот на Нант не ги штедеше комплиментите за лутиот ривал.
„Српската репрезентација има одлични играчи. Им ја честитам победата и ако играат вака имаат добри шанси да се пласираат на Светското првенство во Русија. Резултатот не е добар за нас, но важно за фудбалот и за спортот воопшто е што се мина во најдобар ред. Им покажавме на сите во меѓусебен меч на Албанија и Србија дека спортот е најважен и дека можеме да одиграме фер и коректно. Испративме голема порака за сите што размислуваа на други работи, а не на фудбал“, изјави Цана.
Тој е еден од најомилените играчи во Албанија, фудбалер со одлично педигре и настапи за силни европски клубови од калибарот на Пари Сен Жермен, Марсеј, Сандерленд, Галатасарај, Лацио и Нант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.