Србите се радуваат по триумфот против Албанија од 2-0, а најмногу се славеше токму во Елбасан каде што се одигра мечот. Еуфорично беше во соблекувалната на гостите, кои остварија сладок триумф со головите на Коларов и на Љајиќ.
„Радувај се и пеј Србијо, ова е голема победа за нас“, изјави еуфорично Миралем Сулејмани.
Стрелецот на првиот гол за Србија, Александар Коларов, истакна дека оваа победа е многу важна за атмосферата во националниот тим на нашиот северен сосед.
„Ова ни беше потребно. Знаевме дека можеме, но требаше да им покажеме и на сите други. Овој тим има иднина, иако во овие квалификации не бевме на нашето ниво. Но, покажавме дека имаме квалитет и дека со срце играме за Србија“, истакна Коларов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.