По информацијата за воздушните напади на ИСИС во Сирија кои Русија ги изведе од Каспиското езеро, во медиумите се појавија информации за проектилите од типот „Сизлер“ кои беа истрелани од руските бродови.
Станува збор за исклучително прецизни крстосувачки ракети кои можат да погодат мета на оддалеченост од 1.500 км.
Дизајнирани се така да ги избегнуваат непријателските системи за одбрана и нанесуваат голема штета на целите.
Секоја од нив чини неколку стотини илјади долари и може да лета со брзина од 3.580 км на час. Руското министерство за одбрана тврди дека при истрелувањето на 26-те ракети ниту една од нив не повредила цивил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.