Кризата со багалците во Европа ќе трае неколку години, предупреди претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека нема илузии за ова прашање, информираа француските медиуми.
Јункаер ја даде оваа мрачна прогноза на прес конференција во германскиот град Пасау, во близина на границата со Австрија, каде го посети центарот за прифаќање мигранти, главно сириски бегалци.
-Треба да им кажеме на луѓето дека тоа не е нешто што ќе мине така брзо, нешто привремено, туку е нешто со кое ќе се наметне да живееме долго, рече Јункер.
Тој додаде дека Европа нема потреба од нови ѕидови и особено од ѕидови меѓу членките на ЕУ.
Јункер, исто така, изјави дека Европа треба да работи на подобрувањето на своите односи со Русија.
-Треба да вложиме напори за практични односи со Русија. Не можеме да продолжувам така, рече тој, цитиран од британските медиуми.
Јункер го критикуваше американскиот претседател Барак Обама затоа што Русија ја нарече „регионална сила“.
-Како може да се зборува така! Никој не треба да зборува така за Русија, се побуни претседателот на ЕК, а пренесоа француските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти