Српската фолкерка Радмила Манојловиќ во ист ден со две различни вести ги полни регионалните портали. Правата е таа дека некако протекоа нејзини стари фотографии на кои таа речиси и да не личи на ова денешно “гламурозно турбо фолк грандовско“ издание.
Очигледно е дека во изминативе години Рада доста работела на својот изглед што јасно се гледа на фотографиите од пред 7 – 8 години, на кои изгледа доста поинаку.
Втората вест е дека убавата Рада наводно има нов додворувач. Рада Манојловиќ изгледа го преболи поранешното момче Момир Гајиќ. Пејачката според српските медиуми наскоро може да ја објави својата врска со синот на Исидора Бјелица, Лав Глигориј. Тој на сите начини и се додворува на пејачката. Лав на крај успеал да стигне до нејзиниот телефонски број, но таа сепак не открива дали има нова љубов.
„Помеѓу нас нема ништо“, се правлада Рада за српските медуими.
Лав е многу фино и културно момче. Навистина ја почитувам неговата мајка Исидора Бјелица и знам низ што поминува бидејќи мојата мајка помина низ истата болест. Им давам голема поддршка“, рекла пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Фотографии сведочат какви биле условите пред да се добие новиот лик на МНТ
-
Се роди љубов: Бариш Ардуч и Елцин Сангу заљубени до уши во новата серија (Фото/Видео)