| четврток, 6 декември 2018 |

Српска докторка ќе менува пол за да не оди во пензија

dr-mirjana-stanojcicДокторката Мира Станојчиќ од Горни Милановац во Србија, денеска го предаде барањето за промена на полот. На овој чекор се одлучила бидејќи се чувствувала диксриминирана во однос на мажите, кои одат подоцна во пензија, пишува „Вечерње новости“. Станојчиќ изјавила дека од денес почнала процедура за таа хируршка интервенција.

Taa вели дека добила налог од директорот на болницата дека од денеска и тече годишниот одмор, а во решението стои дека сите лекарки кои исполнуваат услови за пензија, треба да го искористат одморот за годинава. Од неа се очекува, како што таа тврди, потоа да замине во пензија.

Професорот др. Станојевиќ кој ќе ја изврши операцијата, им изјавил на новинарите дека најчесто промена на полот се врши од медицински причини и дека овој е несекојдневен случај во неговата досегашна кариера, а посебно бидејќи тоа докторката сака да го стори од економски причини.

Докторката Станојчиќ е долгогодишен лекар и специјалист по физикална медицина и рехабилитација. Таа додава дека доколку замине во пензија сега, единствената нејзина колешка во градот догодина треба да замине во пензија, па Горни Милановац ќе остане без специјалист за физикална медицина и рехабилитација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top