Повеќе неексплодирани гранати вчера се најдени кај Железничката станица во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Се работи за 18 гранати за минофрлач 60 мм, 4 гранати за топ 75 мм, 2 куршуми против авиони 20 мм, дел од граната ЗИС, запалки од гранати 8 и испукани чаури.
-Од СВР Куманово во 14.45 часот бевме известени за неексплодирани бојни срества во близина на Железничка станица Куманово. РЦУК Куманово ја известени ДЗС Куманово кои се упатиле на лице место и ги извадиле од земјата бојните стрества – стои во соопштението од РЦУК.
Теренот е исчистен и нема опасност, а бојните срества се однесени на безбедно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.