| четврток, 6 декември 2018 |

„Синестезија“- творечки процес во живо

sinestezijaПеттиот културен настан „Синестезија“, кој ги спојува сликарството и музиката вечер ќе се одржи во клубот „Хавана“. Публиката ќе има можност во живо да гo проследи творечкиот процес на тројца уметници од поновата генерација-Симона Ѓоргиева, Владимир Илиевски и Гоце Илиевски.

Во музичкиот дел ќе настапат „Летечки пекинезери“, а гости на вечерта ќе бидат Оливер Јосифовски и блуз дуото In the mood.

На годинашнава „Синестезија“ акцент се става на изложбата на слики од претходните настани. Сликите кои ќе бидат на продажба и средствата од продадените дела ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top