| четврток, 6 декември 2018 |

Три начини за отстранување на темната и сува кожа на лактите

temna koza na lakti

Ве нервира темната кожа на лактите која се формира со текот на годините која не изгледа убаво, посебно кога сакате да облечете разголени кошули и фустани.

За овој проблем постојат брзи и едноставни решенија.

Маслиново масло и шеќер
Ова е одлична комбинација за хидрирање и пилинг на кожата, кој може да се користи и по целото тело. Во еден сад измешајте маслиново масло со една лажица шеќер. Со оваа смеса масирајте ги лактовите и другите делови од кожата кои се суви и испукани. Откако ќе ги измасирате измијте ги лактовите со топла вода и сапун.

Кокосово масло
Ова масло е исклучително ефикасно кога станува збор за природните прозиводи за нега на кожата.  Тоа ја омекнува кожата и ја хидрира во исто време. Масирајте ја сувата кожа на лактовите пред да си легнете во кревет. Втријате го маслото убаво во кожата и оставете го да делува преку ноќта.

Куркума и млеко
Куркумата и млекото се користат за нега на кожата, и во случај кога е сува и испукана. Измешајте малку куркума во прав и млеко за да добиете густа смеса. Потоа оваа смеса убаво втријте ја на лактовите и оставете ја да делува пет минути. На крај, измијте се.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top