| четврток, 6 декември 2018 |

Село Поешево ќе добие монтажно училиште

Подрачното училиште во селото Поешево, кое работи во склоп на основното училиште „Коле Канински“  ќе добие ново монтажно училиште. Градежните работи за негова реализација се започнати со тоа што веќе се поставени стопи за подлогата на која ќе биде поставено училиштето. Површината на училиштето ќе изнесува околу 100 метри квадратни, а внатрешноста ќе се состои од две училници, една канцеларија, една остава, тоалети и простор за котелот за парногреење. Моментално настава во училиштето посетуваат 12 деца до петто одделение.

„-Започнавме со реализација на еден од најважните проекти, а тоа е изградба на монтажно училиште во селоПоешево. Очекувам некаде до крајот на оваа година, односно најдоцна до почетокот на второто полугодие децата да учат во новото училиште. Откако ќе се постави училиштето ќе се направи двор со игралиште и се разбира ќе го оградиме целосно како што им ветивме на мештаните, истакна градоначалникот д-р Владимир Талески.

Проектот е финансиран од буџетот на Општина Битола, а вредноста на училиштето е околу 2.5 милиони денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top