| четврток, 6 декември 2018 |

Руски бродови гаѓаа позиции на ИСИС на оддалеченост од 1.500 километри (видео)

ruski raketi
Руското Министерство за одбрана објави видео од истрелување ракети од борбен брод во Касписко Езеро лансирани кон позиции на Исламската држава во Сирија.

Минатата ноќ од бродовите на руската морнарица Град Свијажк, Углих и Велики Устиуг беа лансирани проектили врз инфраструктурни позиции на ИСИС во Сирија од реонот на Касписко Езеро, соопшти министерството.

Според министерството, ракетите минале 1.500 километри пред да стигнат до целта. Во текот на ноќта биле уништени 11 цели на Исламската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top