Високите мажи знаат да бидат доста убедени дека самата нивна појава е доволна за да ги “излудат” жените, па не се трудат премногу. Ниските мажи од друга страна пак, се пошармантни…
Поживи се во кревет
Ниските мажи се поживи и енергични, а такви се и во креветот, а жените и тоа како го сакаат тоа, пишува магазинот “Journal of Sexual Medicine”.
Тие ги проучувале животите на сексуалните животи на хетеросексуалните мажи во постојаните врски. Со секој сантиметар висина кои го немале, растела и нивната енергичност во креветот.
Полни се со самодоверба
Тие не можеле низ животот да се прават важни со висината, па многумина тоа го надокнадиле со многу труд и деловен успех. Ниските мажи почесто “пукаат” со самодоверба и на жените им влеваат сигурност.
Забавни се и шармантни
Знаат да бидат многу шармантни и често имаат повеќе смисла за хумор од високите мажи кои неретко ја сметаат нивната висина повеќе од доволна за жените да “паднат во несвест” од воодушевување кога ќе ги видат.
Бакнувањето е поудобно
За да се бакнуваат со висок маж, жените најчесто мораат да стојат на прсти и да го истегнат вратот колку што можат. Но, со ниските мажи тој проблем го нема.
Идеални се за брак
Според истражувањето на Универзитетот во Њујорк, ниските мажи се поверни на своите жени, посклони се на семеен живот и не се разведуваат толку често како високите. Тие и подоцна стапуваат во брак.
Повеќе чистат и готват
За разлика од високите мажи, ниските поминуваат повеќе време помагајќи им на своите партнерки во домаќинството. Според некои истражувања тие неделно чистат, готват и прават се друго што треба низ домот, еден час повеќе од високите мажи.
Жените доаѓаат до израз
Да се биде во врска со понизок маж од себе има уште една предност, а тоа е жената покрај него се чувствува како супермодел. Имено, како што често се гледа во медиумите, супермоделите се повисоки од своите партнери.
Живеат подолго
Истражувањето на 8000 мажи покажа дека ниските мажи живеат просечно две години подолго од оние високите. Експертите се убедени дека нивните гени се заслужни за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.