Германскиот претседател Јоаким Гаук по средбата со американскиот колега Барак Обама во Белата куќа изјави дека е важно САД да учествуваат во решавањето на кризата со стотиците илјади сириски бегалци што бараат азил во Европа, јави ДПА.
Гаук повика решението за кризата да се бара не само од Европа, туку и во САД.
– Германија поради историјата е подготвена да прифати овие луѓе – изјави Гаук. Германскиот претседател повика да биде најдено решение како да им се помогне на бегалците од сирискиот конфликт, но и да се реши причината за овој конфликт.
На средбата на двајцата претседатели биле разгледани и опасностите од политичка нестабилност во Германија поради бегалската криза и напорите на САД за помош на сириските бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.