Огорчената жена тврди дека почувствувала мачнина откако во сокот кој го купила во супермаркет нашла нешто што наликува на полжав и тоа не долго откако го пиела тој сок.
Лорна Фишер првин била шокирана со горчливиот вкус на сокот, на кој пишувало дека рокот на употреба му речиси до крајот на 2016 година, а кој го купила во еден супермаркет во Англија.
Таа и нејзиниот партнер го купиле тој сок како дел од нивната неделна набавка и седнале да испијат чаша сок во сабота наутро, со појадокот.
Сокот изгледал чудно кога го сипале во чашите, но нејзиниот партнер кажал дека тоа е веројатно поради тоа што не го протресле пред употреба.
Но кога го пробале сокот вкусот бил многу лош и бајат.
Кога Лорна го отворила тетрапакот имала што и да види – нешто што наликува на голем полжав.
Трговецот и понуди да и ги врати парите кои ги дала за сок…нешто помалку од 1 евро и кажал дека има намера да спроведе истрага за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.