Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Хамнеи денеска забрани какви било натамошни преговори меѓу Иран и САД, по помалку од три месеци откако Техеран го потпиша нуклеарниот договор со Западот.
– Преку преговори Американците настојуваат да влијаат врз Иран, но има наивни луѓе во Иран кои тоа не го разбираат, изјави Хамнеи.
Тој никогаш јавно не го одобри договорот постигнат со светските сили во јули.
– Преговорите со САД отвораат капии за нивен економски, културен, политички и безбедносно влијание. Дури и за време на нуклеарните преговори тие се обидуваа да им наштетат на нашите национални интереси, секогаш кога имаа прилика, наведува Хамнеи на својот официјален сајт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.