Во делчевското село Трботивиште, вчера во 9:50 часот, во дворот од куќата на В.Ж.(33) дошол незиниот поранешен сопруг О.С.(48), заедно со неговиот татко М.С.(85), кој по вербалните закани упатени кон неа, во еден момент извадил нож.
Во вербалната расправија се вклучил и В.С.(48), по што О.С. го нападнал со ножот, прободувајќи го на десната рака, а потоа му нанел уште три убодни рани во пределот на десната нога, додека М.С. го удирал со дрвен предмет.
О.С. и М.С. се приведени од полициски службеници, а повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицинскиот центар Делчево, од каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре