| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос: Ние сме Реал Мадрид и не се браниме, кој не го знае тоа, може слободно да си оди од тимот!

serhio ramos

Незадоволството на играчите во Реал Мадрид кон новиот тренер Рафа Бенитез се повеќе расте. По нерешениот исход од градското дерби против Атлетико на „Висенте Калдерон“, во кое и покрај предноста што ја имаше „кралскиот“ клуб со голот на Бензема, играчите не искористија уште некоја шанса за да го дотолчат противникот по одлуката на Бенитез да прејде во дефанзива и да го брани водството. Тоа се покажа како погрешен потег бидејќи Реал прими гол во финишот од мечот, а лесно можеше да го загуби и тој бод што го освои.

Серхио Рамос направи пенал, но не мисли дека тоа влијаеше на мечт, туку определбата тимот да се брани во завршниот период од натпреварот.

– Кога ќе се видам со тренерот, претпоставувам дека ќе ми каже одредени работи. Но, лично, не сум вознемирен поради пеналот, мирно спиев, можеби и затоа што Кејлор Навас успеа да го одбрани. Но, не спиев мирно затоа што не победивме. А не победивме најверојатно затоа што го браневме минималното водство на самиот крај. Наместо да одиме кон напред, за да постигнеме уште еден гол, ние се повлековме. Ако веќе зборуваме за мојата грешка, зошто да не зборуваме и за грешката на тренерот? Ова е Реал Мадрид, ние не се браниме, кој не знае и не е подготвен, може да си оди! – порача Серхио Рамос, кој се стави во служба на шпанската репрезентација во пресрет на квалификациските натпревари за ЕП 2016.

Наздоволство од тактиката на Бенитез претходно изразија и Карим Бензема и Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top