На Јосип Кокез, ученик во трета година во Средното електротехничко училиште во Сплит му запрело срцето и 67 дена поминал во кома. Денот кога му се случило ова го променил неговиот живот во целост.
Пред пет години момчето кое тогаш имало 17 години, во сала за вежбање кревал тегови тешки 100 килограми, а потоа по појадокот пешачел до училиште, иако татко му понудил превоз. Додека седел во училиште и фаќал белешки, го спуштил пенкалото, погледнал преку класот и паднал на клупата, пишува хрватскиот портал „Телеграм“.
Оваа несреќа се случила на 16 ноември 2010 година, а итната помош стигнала во рок од седум минути. Јосип бил без свест, а лекарите се обиделе да го оживеат. На училиште стигнал и неговиот татко кој ја набљудувал борбата за живот на сопствениот син. Нему срцето му запрело по вторпат на пат до болницата, но за среќа, лекарите и тогаш успеале да го вратат.
На одделението за интензивна нега на децата во Сплит, на рендген било воочено зголемување на срцевата сенка. Веднаш после приемот Јосип бил под седативи, во вештачка кома.
„Јас влегував во собата како тој да е тука, како само да спие. Иако знаевме дека воопшто не е свесен“, се присетува неговата мајка Ана.
Професорот Ведран Делетис од КБЦ Загреб, на родителите од Јосип им ја презентирал методата за вградување на невростимулатор во мозокот со кој би се обиделе да го разбудат од вегетативната состојба. Иако не знаеле точно за што станува збор, родителите сакале да се обидат со сè и ја дале својата согласност.
Тогаш, 67. ден, за првпат по застојот на срцето, Јосип дошол во состојба на будност. Брзината со која реагирал на дразбите околу себе ги зачудила сите, и лекарите и родителите. Физички бил во многу лоша состојба, не можел сам да ја држи главата, нозете и рацете му виселе бидејќи целата мускулна маса му пропаднала.
„Последното нешто на кое се сеќавам е дека бев во Сплит. Кога се разбудив, бев во Загреб во болница. Не знаев каде сум и што ми се случило. На ништо не се сеќавам“, рекол Јосип.
Неговото закрепнување продолжило со помош на нутриционисти и секојдневни физикални терапии. На неговиот 18-ти роденден за првпат се вратил во Сплит.
„Влегов во свет кој не ми беше јасен. Бев во соба, а не бев во соба. Како сон кој долго трае, не можам да се сетам на деталите“, рекол Јосип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст