Невработеноста во Македонија од ден во ден сè повеќе се намалува, а Македонските граѓани добиваат сè повеќе шанси да го пронајдат своето ново работно место со кое ќе ја осигураат финансиска иднина и ќе ја збогатат својата кариера.
Во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија започна вториот по ред караван на Саеми за Вработување низ државата, каде на сите граѓани ќе им биде овозможена шанса преку модерен и интерактивен пристап да стапат во контакт со многубројни и можни идни работодавачи.
По Прилеп, втората дестинација на овој нов караван на Саеми за вработување е градот Велес.
На овој Саем за вработување, свое обраќање ќе имаат Министерот за Труд и социјална политика, Диме Спасов, Директорот на Агенција за Вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, и Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, а во состав на саемот излагања и презентации ќе имаат и дел од компаниите учеснички.
Саемот за Вработување 2015 во Велес ќе се оддржи денеска, со почеток во 10:00 часот и ќе биде отворен за посетители сè до 13:00 часот. Место на одржување на овој саем е Театарот „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ во Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст