Сириската провинција Хама и областите во соседната провинција Идлиб утрово беа изложени на жестоки напади на руските сили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Опсерваторијата наведува дека во тек е силно бомбардирање на цели со ракети земја-земја.
Русија минатата недела започна воени операции против припадниците на Исламската држава во Сирија, а руското министерство за одбрана соопшти дека метите се воена опрема, комуникации, складови, муниција и гориво.
Според кабинетот на рускиот претседател, главната задача на руското воздухопловство во Сирија е борба против тероризмот и поддршка на легитимните сириски власти во антитерористичките напори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.