Легендата на Барселона, Јохан Кројф го критикуваше стилот на игра на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал како и однесувањето на менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо.
– Тие не доминираат. Ја сакам фудбалска доминација, Манчестер не игра така. Резултатите се важни но пред се е играта, ако имате игра резултатите сами ќе дојдат. Играта ги прави фановите среќни, а тие се најважни во фудбалот. Фановите сакаат да се радуваат и да уживаат. Ван Гал игра чудно, игра добро со силните, а недопустливо лошо со послабите противници, изјави Холанѓанецот.
Тој даде свој коментар и за последните испади на Жозе Мурињо, како кон судиите така и со Ева Карнеиро поранешната докторка во Челзи.
– Тој е контроверзен. Тоа што ми се допаѓа кај него е способноста секогаш да направи добра атмосфера меѓу играчите, а тоа што не ми се допаѓа е тоа што секогаш себе си се става во преден план. Тоа е веројатно затоа што тој никогаш не бил славен од 100.000 луѓе или исвиркан од исто толку луѓе, или пак е заради интересот од медиумите, незнам, но тоа не е едукативно за младите како треба да се игра фудбал или како треба во животот. Треба да знае дека ќе го има во сите светски медиуми. За играта на челзи, уживам во потезите на некои индивидуалци но мислам дека подобрите играчи седа на клупата за резерви, изјави Кројф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст