Американскиот напад врз болницата во авганистанскиот град Кундуз се случи и покрај „строгите“ американски процедури за избегнување слични грешки. Тоа во Сенатот на САД денеска го изјави командантот на американските и меѓународните сили во Авганистан генерал Џон Кембел.
Во своите сведочења три дена по нападот врз болницата, во кој загинаа најмалку 22 лица, Кембел изјави дека во саботата авганистанските сили побарале воздушна поддршка, додека воделе борби со талибанските борци во Кундуз.
– Тие разговарале со американските специјални единици. Американските сили од своја страна биле во врска со авипнот Еј Си 130, кој стрелал врз болницата на „Лекари без граници“, додаде тој.
– За да бидеме јасни, одлуката за обезбедување на воздушни напади беше американска, донесена во американската командна хиерархија, рече Кембел.
– Болницата беше нападната по грешка. Никогаш не би зеле намерно на цел медицинска установа, додаде генералот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.