Работната група која денеска се очекува да постигне конечен договор околу прочистувањето на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, финансирањето и медиумското преставување на партиите и Државната изборна комисија, најверојатно ќе расправа до доцните часови. Гласањето на дијаспората е точката по која се водат жустри расправи, а според информации на „Нетпрес“, претставниците на опозициската СДСМ, се против дијаспората да гласа, бидејќи не ја сметала за дел од државата.
Медијатор во преговорите е Питер Ванхауте, кој денеска изјави дека на претставниците во преговорите ќе им достави предлози.
Претставници од ВМРО-ДПМНЕ во преговорите се Силвана Бонева, Никола Тодоров и Билјана Бришковска, од СДСМ Дамјан Манчевски, Цветанка Иванова и Оливер Спасовски. ДУИ ја претставува Артан Груби, а ДПА Имер Алиу, но се очекува на работната средба да и се приклучат и лидерите на четирите партии вклучени во преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст