| четврток, 6 декември 2018 |

Затвор за четворица Босанци за регрутирање борци за ИД

Судот во Босна и Херцеговина денеска осуди на вкупно седум години затвор четворица босански државјани за организирано заминување и учество во сириската војна на страната на Исламска држава, објави „Дневни аваз“.

Главниот обвинет Хусеин Ердиќ беше осуден на три и пол години затвор, Митхат Трако, на една и пол година, а Невад Хушидиќ и Мерин Кесеровиќ, на по една година затвор.

Портпаролот на обвинителството Борис Грубешиќ изрази задоволство од пресудите.

Четворицата обвинети беа уапсени на 18 февруари годинава под сомневање дека финансирале терористичка дејност, јавно поттикнувале кон терористичка дејност и присоединување кон ИД во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top