САД и сојузниците вчера извршија 24 воздушни напади врз цели на „Исламска држава“, соопшти денеска меѓународната коалиција, пренесува БТА.
Вкупно 17 од ударите се извршени врз цели во Ирак. Девет од нив во близина на Рамади, врз тактички единици, згради, борбени позиции и објекти за правење бомби. Напади се извршени и врз цели на ИД во близина на Ал Хуаџа, Хабанија, Мосул, Синџар и Султан Абдула.
Во Сирија се извршени пет воздушни напади во близина на Хасака и по еден во близина на Деир аз Зур и Манбиџ, се наведува во соопштението на коалицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!