Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Европската Унија дека е одговорна за кризата на Кипар и оцени дека таа криза покажала нестабилност на западните финансиски институции.
– До некаде сум задоволен затоа што кризата на Кипар покажа неефикасност и нестабилност на западните финансиски институции, рекол Путин во интервју за германската телевизија АРД.
– Дали направивме ние офшор зона? ЕУ ја направи. Всушност, ја направија властите на Кипар, а ЕУ тоа го дозволи, рекол Путин.
Поради поволните даноци бројни руски фирми се регистрирани на Кипар, па затоа сега многу руски граѓани ризикуваат да изгубат голема сума на пари. Путин ги повика Русите да инвестираат во нивната земја.
– Сите кои се погодено со кризата треба да се свртат кон нашите финансиски институции. И ќе ги сочувате вашите пари во нашите банки, рекол Путин.
Според последните официјални информации на Кипар има 31 милијарда долари на руски олигарски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.