| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар потпишува доживотен договор со Барселона?!

Од озборувањата дека Нејмар би можел да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона и да се пресели во Премиерлигата, очигледно нема ништо бидејќи пристигна брз демант од „каталонскиот“ гигант.
Актуелниот европски и шпански шампион активно работи на продолжување на договорот со еден од своите најдобри поединци.
Каталонците немаат дилеми дека треба да му понудат на Нејмар богат и долгорочен договор исто како во случајот со Лионел Меси.
Техничкиот секретар на Барселона, Роберт Фернандез, веднаш ги демантираше озборувањата за заминување на 23-годишниот Бразилец.

– Активно работиме на продолжување на договорот со Нејмар. Тој е мирен и сѐ е во најдобар ред. Нема никакви проблеми и не се сомневам дека Бразилецот целата своја кариера ќе ја помине во Барселона – изјави Фернандез.

Техничкиот секретар нагласи дека не зборува напамет и дека тоа е очигледно.

– Тоа го покажува секој ден. Среќен е и насмеан секој ден. Нема ниту еден проблем и ќе го носи дресот на Барса уште многу години – заврши Фернандез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top